АктуелноМеѓународна сценаММА

Тренерот на Чимаев: Хамзат ќе го нокаутира Стрикленд до третата рунда

Тренерот за удирачки техники на Хамзат Чимаев, Стивен Лукацки, даде смела прогноза за претстојниот судир со Шон Стрикленд.

Во разговор за Јутјуб каналот Мјати нагласи дека непоразениот шампион во средна категорија е потценет во стој:

„Работев со над 400 борци и Хамзат е еден од најтешките удирачи меѓу нив. Сите го перципираат како борец, но тој има сериозни квалитети и во стој“.

Лукацки верува дека клучно за победата ќе биде вистинската рамнотежа меѓу борењето и ударот:

„Во оваа борба мора многу добро да ги балансира своите вештини“.

Сепак, тренерот е категоричен во својата прогноза:

„Очекувам Хамзат да победи со нокаут во рок од три рунди“.

Претстојната борба меѓу Чимаев и Стрикленд се оформува како една од најинтересните во средната категорија, со различни стилови и пристапи во кафезот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON