АктуелноМеѓународна сценаММА
Игор Додевски против Богдан Коваленко на Армада 17

Игор Додевски ќе има нова професионална борба на 11 април во Нови Сад, Србија, на настанот Армада 17.
Додевски ќе ги одмери силите со Богдан Коваленко од Русија.
„Борбата е прифатена на 10 дена на краток рок, без сериозен тренинг камп, но секако со голема мотивација и желба за престиж против натпреварувач од велесила како Русија. Одиме на победа“, вели тренерот Сашко Мирчевски и додава:

„Игор Додевски потпиша договор на четири борби за Армада, а тоа значи дека е можност за голем развој на неговата професионална кариера во ММА која е на самиот почеток“.



