Кевин Ли: Го одбив Трамп, го поддржав Сандерс, а УФЦ ме отфрли

Кевин Ли неодамна сподели размислувања за кариерата во УФЦ и каде според него работите тргнале наопаку.
Мајкл Киеза се повлече од октагонот во саботата навечер по драматичниот крај на неговиот престој во големата ММА промоција. Заминувањето на Киеза го привлече вниманието на Ли, бидејќи тој го изрази своето незадоволство од тоа како неговата последна борба во УФЦ се разликуваше од онаа на неговиот поранешен ривал.
„Мотоун феном“ сподели неколку совети за млади борци во светлината на одлуката за која верува дека го променила начинот на кој промоцијата се однесува кон него.
Aye listen I know exactly when I went wrong in the UFCs eyes. After I won my fight at MSG 2019 they told me Trump wants to meet. I snuck into the crowd and left the building.
Then I met with Bernie Sanders a week later and did a whole speech for him. At that point I was dead in…
— Kevin Lee MTP (@MoTownPhenom) March 30, 2026
По два последователни порази, Кевин Ли ја воскресна кариерата во УФЦ со еден од најдобрите нокаути во 2019 година, запирајќи го Грегор Гилеспи со удар во главата на турнирот во Медисон сквер гарден.
Во неодамнешна објава, поранешниот кандидат за привремена титула во лесна категорија рече дека му било кажано оти одлуката што ја донел веднаш по победата над Гилеспи го довело во лоши односи со УФЦ.
„Знам точно кога направив грешка во очите на UFC“, напиша Ли на Х. „Откако ја добив борбата во МСГ во 2019 година, ми беше кажано дека Доналд Трамп сака да се сретне со мене. Се протнав во толпата и ја напуштив зградата. Потоа се сретнав со Берни Сандерс, една недела подоцна и одржав цел говор за него. Во тој момент бев жив давеник. Тоа ми беше кажано“. Во следната борба Ли беше поразен од Чарлс Оливеира во неговиот шести и последен главен настан на УФЦ. Борецот ги заврши своите неодамнешни коментари на оваа тема со порака до борците да не ја прават истата грешка. „Нека ова биде лекција за секој млад спортист – држете се подалеку од политиката и не брцјате во парит на црквата“.



