И Мани Пакијао сака да се бори со Мек Грегор, има само еден услов

Mani Pakijao na Govornica

На листата на борци кои би сакале да се борат со шампионот на УФЦ, Конор Мек Грегор, се вклучи и легендарниот филипински боксер и светски првак во велтер категорија на ВБО, Мани Пакијао.

Филипинецот, кој неколку пати се врати назад од пензија, подготвен е да влезе во рингот со Мек Грегор ако пропадне идеата за борбата на Ирецот со големиот ривал на Мани Флојд Мејведер Јуниор, за што нашироко се дискутираше во последниве месеци.

Портпаролот на Пакијао рече дека Мани е подготвен за бокс меч, а не за борба ММА.

„Ако Мек Грегор сака да боксира против мене, зошто да не? Не ММА, тоа е многу различно од боксот“, рече Мани пред неколку дена.

„Борбата може да биде во суперлесна категорија, мојата нормална тежина кога не тренирам е еден килограм повеќе“, изјави 38-годишниот боксер кој е разочара против Мејведер во една од најочекуваните борби кога било.

Додека Мејведер и Мек Грегор се расправаат на социјалните мрежи и медиумите, Пакијао верува дека тој може да се натури меѓу двата шампиони за чија можна борба веќе се вртат десетици милиони долари. Филипинецот по завршувањето на боксерската кариера влезе во политиката, а потоа се врати и во ноември по трет пат го освои појасот на ВБО со едногласна одлука на судиите против Џеси Варгас во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО