Андерсон Силва: УФЦ се помалку е спорт

Anderson Silva Fejsbuk

Андерсон Силва е еден од најголемите ММА борци на сите времиња, повеќе од една деценија е во УФЦ, со години суверено владееше со средна категорија и најдобро виде колку се промоени ММА во тој период.

Посебно бурна беше минатaта година, кога се продаде УФЦ на нови спотвеници за дури 4 милијарди долари, а Конор Мек Грегор го урна рекордот на заработувачка за една борба и во целата година. На легендарниот Бразилец не му се допаѓа патот по кој тргна УФЦ.

„Мислам дека многу ризикуваа со продажбата затоа што Дана Вајт и Лоренцо Ферита се заштитни лица на УФЦ. Ако ги нема нив, добриот и лошиот полицаец, некако е празно. Но да бидеме позитивни, верувам дека се ќе биде во ред“, рече Силва и додаде:

„Таа компанија е оптоварена со забава. Тоа не е компанија која има историја во боречките спортови, во филозофијата на борбите. Тоа е една од причините зошто Жакар Соуза не се бори за титулата, тоа за нив не е профитабилно, нема да и ја донесе забавата која им треба. Тоа е она што го прават целиот живот, работат на забава. Мораме да го разбереме тоа. Тешко е заради тоа што ние размислуваме за ММА. Некои борци имаат смисла за шоу, а други немаат. Некои губат дел од фановите, некои ги добиваат. Мислам дека обидуваат да го направат ММА што позабавен, а помалку спортски. ММА нема филозофија на боречки спортови, станува се помалку спорт, а се повеќе забава“.

Силва е далеку од појасот кој некогаш го држеше, но сака да го врати во реваншот против Мајкал Биспинг, кој го порази пред една година во Лондон во контровернзата борба од пет рунди.

„Би сакал да се борам со Биспинг. Мислам дека тоа го заслужувам, за појас или не. За се што сум направил во овој спорт, но тоа не е нешто што ќе ми го промени животот, како и да заврши“, истакна Силва.

„Жакар е на ред, но за УФЦ тоа е бизнис, а за бизнис, мислам дека мојот реванш со Биспинг подобро би се продал. Но од спортска страна, Жакар е тој кој треба да се бори за титулата“.

„Кога би се борел за појас и би победил, ќе ја напуштам категоријата. Може ќе изработам уште некоја борба, две во полутешка или би се спуштил во велтер. Направивме некои тестови, можно е“, додаде Силва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО