Женскиот ката тим на Македонија беше немоќен против силната Шпанија во борбата за бронзен медал на Европското првенство во карате за сениори во Истанбул, Турција изагуби со 0-5. Така што, и оваа шанса за бронзен медал остана неискористена и последната, трета шанса за „црвено-жолтиот“ тим да се закити со уште една бронза на овој шампионат, по таа на Мартин Несторовски во категоријата над 84 кг.
Македонскиот женски ката тим претходно оствари две победи – против Англија 3-2 и против Белорусија со 4-1. Во репасажот влезе по поразот од Германија со 1-4.
Шанси за бронза имаа и женскиот тим во борби, во состав Моника и Наташа Стефановски, Драгана Тодорова и Симона Заборска, но не успеаја против домаќинот Турција. И Емил Павлов (до 60 кг) загуби во „малото финале“. Единствено Несторовски го победи Португалецот Фелипе Реис со судиско прегласување, откако борбата во регуларниот дел заврши нерешено 1-1.
ipon.mk/В.Д.