И Холифилд објави повратничко видео (ВИДЕО)

Во ова време кога нема големи мечеви легендите од минатото доминираат во медиумскиот простор.

Откако Мајк Тајсон изрази желба повторно да влезе во рингот на неколку егзебициски мечеви, истото го посака и четири години постариот некогашен ривал Евандер Холифилд.

„Вистинската зделка“ Холифилд беше познат како неверојатен борец со срце, кој можеше да добие неверојатен број на тешки удари и беше единствениот боксер што ја освои титулата неприкосновен шампион во полутешка и тешка категорија. Светската титула во тешка категорија ја освои четири пати.

Холифилд е заинтересиран за нова пресметка со Тајсон, кого го победи два пати на официјалните мечеви, но го интересира и повторно одмерување на силите со Ридик Боу од кого загуби два од три брутални средби.

Последен пат се бореше во 2011 година, кога имаше 48 години.

Како и Тајсон, 57-годишниот Американец објави видео од тренинг со кое го најавува враќањето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО