Татко му на Хабиб паднал во кома

Здравствената состојба на татко му на Хабиб Нурмагомедов дополнително се влошила.

Според извори од семејството, таткото и тренерот на шампионот во лесна категорија на УФЦ, 57-годишниот Абдулманап е во кома во воената болница во Москва.

Неговата здравствена состојба е многу сериозна.

Абдулманап Нурмагомедов се разболе кн крајот на април и заврши во болница во Дагестан со грип и пневмонија. Подоцна е пренесен во руската престолнина.

Некои борци од Дагестан како Ислам Макахчев објавија фотографија на Абдулманап на социјалните медиуми и ги замолија обожавателите да се молат за него.

„Абдулманап е во многу лоша состојба. Тој е во кома во Москва. Во Дагестан погрешно го лекуваа и неговата состојба се искомплицира. Со авион беше пренесен во воената болница во Москва. Таму е сам, посетите на членовите на семејството не се дозволени”, изјави руски извор за рускиот Спорт експрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО