Фергусон е најплатен на УФЦ 249

Тони Фергусон е најплатен борец на УФЦ  249 во Џексонвил.

„Ел Кучуј“ во мечот за привремената титула во лесна категорија против Џастин Гејџи, во кој загуби со технички нокаут во петата рунда, заработи половина милион долари.

Покрај тоа, како и неговиот противник, доби бонус од 50.000 долари за борба на вечерта, додека Гејџи, покрај плата од 350.000 долари, доби и бонус за изведба на вечерта.

Педесет илјади долари за настап на вечерта му беа доделени и на Френсис Нгану кој имаше загарантирано 260.000 долари за мечот со Жаирзињо Розенструик (80.000 долари) кого го заврши за 20 секунди.

Шампионот на „бантамашите“, Хенри Сехудо, кој го најави повлекувањето, доби 350.000 американски долари за победа против Доминик Круз, додека поранешниот шампион заработи 300.000 долари.

Овие суми не вклучуваат дополнителни бонуси, како што се заработка од продажбата на ППГ.

УФЦ 249:
Сем Алви: 65.000 американски долари Рајан Спан: 50.000
Чарлс Роза: 24.000 Брис Мичел: 54.000
Нико Прајс: 57.000 Висенте Луке: 180.000
Мишел Вотерсон: 60.000 Карла Еспарза: 102.000
Фабрицио Вердум: 100.000 Алексеј Олејник: 160.000
Доналд Цероне: 200.000 Ентони Петис: 310. 000
Јорган Де Кастро: 12.000 Грег Харди: 180.000
Џереми Стивенс: 46.900 Калвин Катар: 116.100
Жаирзињо Розенструик: 80.000 Френсис Нгану: 260 000
Доминик Круз: 300.000 Хенри Сехудо: 350.000
Тони Фергусон: 500.000 Џастин Гејџи: 350.000 долари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО