Јапонски сумо борач почина на 28 гоидни од коронавирусот

КАКО последица на коронавирусот во Токио почина 28-годишен јапонски сумо-борач Кијотаке Суетаке, познат како Шобуши. Тој бил хоспитализиран уште во април, а денеска почина откако му откажале неколку органи.

Тој е првиот сумо борач кој починал од коронавирусот, а претходно во болницата поради заразата беа и неговите колеги. Засега не е познато дали тие целосно оздравеле.

Шобуши беше професионалец од 2007 година, а беше на 11 место во дивизијата во тоа натпреварување. Тој е првото лице во Јапонија, кое починало од вирусот, а е помладо од 30 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО