И Џошуа се прашува каде е Вајлдер: Можеби подготвува голем план или седи на брегот на езерото

Дионтеј Вајлдер се повлече од јавноста во последните неколку месеци по првиот пораз во кариерата од Тајсон Фјури.

Американскиот боксер ја загуби титулата на ВБЦ во тешка категорија. Поразот во реваншот против „Кралот на Ромите“ беше прв во неговата кариера.

Вајлдер ја активираше клаузулата во договорот што му гарантира трет меч со Фјури.

Но, британскиот боксер и неговиот тим изјавија дека Вајлдер ја одложува зделката, па Фјури бара друг противник.

Таа борба треба да се одржи некаде во последниот месец од годината, проследена со судир на Ентони Џошуа во одбрана на титулите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО против Кубрат Пулев на 12 декември.

Неодамна го прашаа Џошуа каква е состојбата со Вајлдер, бидејќи борците по поразот често се повлекуваат од социјалниот живот.

„Не знам, но според мене, по поразот некои работи се менуваат“, истакна Ентони Џошуа и објасни:

– Светот е суров, држете се подалеку од другите. Мора да имате дебела кожа. Можеби подготвува голем план и со наочари го проучува секој потег на Фјури, или седи на брегот на езерото со главата меѓу рацете и размислува: Што се случува?

Поразот од Фјури очигледно тешко го потресе Вајлдер.

– Во еден момент сте на врвот на светот, а следниот веќе не сте. Таква е играта што ја играме“, рече Џошуа.

Кралот на Ромите (32) во ревашот во Лс Вегас со технички нокаут во седмата рунда го победи три годишни постариот Американец.

– Се прашувам зошто ништо не зборува? Не сакам да претпоставам зошто молчи, но чекам да го слушнам неговото објаснување зошто не сака да се бори оваа година. Што се случи на тој меч и зошто изгуби? Дали тоа беше костумот, дали беа ракавиците?“,  прашува Ентони Џошуа и заклучува:

„Би било добро да слушнеме објаснување. Се надевам на негово враќање, бидејќи тој придонесува за тешката категорија. Би сакал да знам како најде сили да стане, како во ситуацијата со Дилиен Вајт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО