И Бобан Данов се вклопи во сивилото на македонските борачи на ЕП

Danov na EP vo Riga

И четвртиот наш борач на Европското првенство во борење во Рига-Латвија, Бобан Данов, претрпе пораз.

Данов е совладан со технички туш од Романецот Рарес Даниел Чинтоан, односно 10-0.

Романскиот борач со по два поени ја градеше победата над Данов. Тој во наредното коло беше совладан со технички туш (14-4) од Белорусинот Алексеј Николаев, така што отпадна можноста за репасаж.

Така и ова ЕП се заврши без победа, а како позитивен факт може да се издвои освојувањето на поени во споредба со Светското првенство во Лас Вегас, САД, минатата година.

Како што стојат работите, во Зрењанин тешко може да се надеваме на олимписка норма.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО