„Вембли“ се откажа од домаќин на реваншот Кличко-Фјури

Klicko Fjuri pregrnati

Раководството на стадионот „Вембли“ во Лондон под притисок на локалната фудбалска федерација беше принудено да се откаже од домаќинството на реваншот меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Владимир Кличко. Причина за оваа одлука се постојаните скандали околу Фјури поврзани со негови несоодветни изјави, пренесува „Билд“.

Борбата Кличко – Фјури -2 се подготвени да ја прифатат фудбалските стадиони во Гелзенкирхен, Франкфурт, Дизелдорф и Минхен, а исто така и „Манчестер Арена“, чиј капацитет е 21.000 гледачи. Како ориентациони датуми за борбата се посочуваат 4 јуни или 9 јули.

„Мислам дека во текот на следните две недели се ќе биде решено“, изјави менаџерот на Владимир, Бернд Бентли.

Да потсетиме дека претходно се појави информација дека менаџерскиот штаб на Фјури се откажал од можноста со голем стадион како „Вембли“ и „Олд трафорд“ поради загриженоста дека со приходите од продажба на билети нема да можат да ги покријат вработувањата на спортскиот објект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО