Конор Мек Грегор ќе се бори на УФЦ 200

Conor-McGregor-8

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна во интервју најави дека шампионот во перо категорија, Конор Мек Грегор, повторно ќе влезе во кафезот на УФЦ 200 во јули.

„Да, вчера се видов со Конор. Сака да се бори што е можно поскоро. Сака да скокне во октагонот и да се бори. Само размислуваме кој да биде неговиот противник.

Не може некого да го натерате да се бори. Во овој бизнис треба да има ревност. Треба да има желба при влегувањето во кафезот. Конор Мек Грегор е совршен пример. Ќе се врати брзо и веднаш излегува подготвен за УФЦ 200. Знаете што мислам – треба да се има желба. А ако се нема – не треба човек да се бори“.

Мек Грегор се опоравува од првиот пораз во кариерата во октагонот, кој го доживеа минатиот викенд од Нејт Дијаз.

Конор сега ќе се врати во својата категорија, за да ја брани титулата против Хозе Алдо или Френки Едгар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО