Ништо ново на Светското првенство во борење во Лас Вегас и Бобан Данов доживеа пораз во категоријата до 125 кг од Луис Филипе Вивенес Урбанеха од Венцуела со 9-1 16-финалето.
Ова е четврт пораз на нашите натпреварувачи на СП во нивниот прв настап. Тимур Хамикоев беше празен во грчко-римски стил, а Јасин Реџеалри, Халил Зубаиров и Бобан Данов во слободен стил, додека Дејан Митров не настапи во неговата матична категорија до 65 килограми, која е олимписка.
Ова е катастрофален настап. Од друга страна, Данов,Митров и Реџелари се стипендисти на Македонскиот олимписки комитет и земаат по 800 долари.
Стипендиите им се исплаќаат редовно на олимписките кандидати во текот на целата 2015 година. Тоа значи дека досега добиле 6.400 долари за да бркаат норма во Лас Вегас, односно пласман до шестото место во својата категорија. ФБСМ свесно го носеше Реџалари, што е подразбирливо, бидејќи е СП, иако знаеше дека неговата категорија е неолимписка. Срамот пукна кога Митров не се појави на душекот во неговата категорија. Може да замислиме какво било молењето да настапи во 70 кг.
ipon.mk/В.Д.