Хва ранг ИТФ ќе учествува на „Чешка опен 2017“

Теквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, овај викенд ќе учествува на Меѓународниот теквондо ИТФ турнир од А класа „Чешка опен 2017“ во Нимбурк, Чешка.

Според тренерот на Хва ранг ИТФ, Марјанчо Лазаревски, ова е најјак турнир во Централна Европа во пролетниот дел од натпреварувачката сезона, на кој ќе учествуваат најсилните ИТФ-репрезентации, како Русија, Украина, Чешка, Полска.

„Ова е прилика да го провериме нашиот квалитет и да видиме кој од нашите натпреварувачи може да не радува во иднина на Светско или Европско првенство“, вели Лазаревски.

Натпреварувачите на Хва ранг ИТФ ќе настапат во четири дисциплини: борби, форми, специјални техники и тест на снага – поединечно.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО