Борење со конкретни ставови и расчистување со бизнис политиката

Македонското борење поодамна е во резултатска криза, но и во организациска и морална. Многу погрешни колосеци се фаќаа во минатото за последните две децении да се осипа градениот квалитет. На тоа влијаеја и општествените состојби, а неколкуте обиди не ги донесоа посакуваните резултати.

Мината година во јуни првиот човек на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Ванчо Чифлиганец, си даде оставка. Ваквиот потег ги затече боречките работници и борачите, бидејќи Чифлиганец е име во борењето и успешен бизнисмен. Така борењето шест месеци не тапкаше во место, туку пропаѓаше. Не се расчистија напластените проблеми од минатото, односно за парите добиени за Европското првенство, не се доисплатија долговите спрема Обединетото светско борење (ОСБ/UWW), по што репрезентацијата на Македонија беше суспендирана од меѓународни настапи.

По шест месеци тргна иницијатива за ново Собрание на кое ќе се изберат претседател и Управен одобор. Храбар потег на еден доскорешен борач и претседател на клуб. Во целата работа имаше пропусти, но како и да имаше намерно блокирање за некој да не се помести од гнездото, макар се околу него пропаднало. По сите перипетија Централен регистар, Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт го верификуваат новиот избор во ФБСМ и за брзо време вопоставија соработка.

Се расчистија дел од долговите (до мај треба да се исплати и втората рата спрема ОСБ), се оранизираа Изборните првенства, се организираа кампови за младите борачи, нешто што поодамна не е правено, репрезентацијата почна да настапува на меѓународната сцена, се воведува нова технологија на табелирање, првано средување на некои работи  итн.

Во желбата да се направи нешто или побрзо да се расчистат натрупаните проблеми се направија и грешки, како затворањето на канцеларијата односно со нејзино минимално работење, доцнење во извстувањата за првенствата и поголема транспарентност за плановите со репрезентацијата, откажување од искусни технички лица.

Имено, покрај борачите од домашните клубови имаме и натурализирани борачи со македонски пасош, затоа ФБСМ ќе мора да биде јасен и гласен и да каже дали смета на нив или националниот дрес ќе го бранат исклучиво борачи од Македонија. Ако се смета на нив ќе мора точно да се разграничат клупските и репрезентативните обврски, за да не се прават сметките по завршувањето на меѓународните натпревари, како што беше порано. Од друга страна, и тие што настапуваат за репрезентацијата ќе мора да бидат јасни и конкретни дали сакаат да се борат за Македонија со сите нејизни атрибути и да постигнуваат резултати, оти туризмот се забележува и на никого не му потребен. Да се дефинира работите со селекторите, конкртено да се знае што се очекува од нив, а ако не го остварат тоа да си заминат од позицијата.

Местото за решавањето на сите проблеми, како и одредувањето на насоките за развој на борењето и постигнување на успеси е во Македонија, односно ФБСМ, која ќе соработува со МОК, АМС и другите институции во државата, никако како десперадоси во стилот јас сум најпаметен и можам без вас ама со вашата фирма. Колку и да има антагонизми меѓу поединци, во  името на борењето ќе мора да се смират, а се друго е гледање на работите од личен интерес, дури и бизнис.

Не може своеглаво да се наметнуваат стратегии за да се прави бизнис од тоа. Затоа МОК и АСМ мора да ја преиспитаат опеределбата за давање на македонски пасош. Ако наеднаш се издадат многу пасоши во еден спорт, нешто е „гнило во државата Данска“, пардон Македонија. Може да се даде на еден-двајца, како за поттик, се друго е неисплатливо и за некого добро пресметана работа.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО