ЕКСКЛУЗИВНО: Светските кик бокс организаци го „разграбаа“ Даниел Стефановски како насушен леб (ВИДЕО)

Македонскиот воин Даниел Стрефановски кој во саботата извојува феноменална победа со летечко колено во третата рунда против Романецот Алекс Филип на Суперкомбат во Букурешт обезбеди место за Големата награда на Суперкомбат во САД.

За борбата Стефановски за Ipon.mk вели:

„Во првата рунда го тестирав противникот, за да видам каде му се слабите точки. Во втората рунда точно знаев што да правам, му ги видов грешките и регирав како што треба и го нокаутирав“.

Од друга страна, побарувачката за Стефановски стана голема. На 7 април ќе се бори на Суперкомбат-Трансилванија, на 5 мај в Рим, Италија, исто така на настан на Суперкомбат.

„А оваа година ќе се борам на Светското првенство, но уште не знам со кого. На 10 јуни се борам за К-1 во Швцарија во органиција на Јапонците.Таму ќе бидат сите легенди што се борат, како Боњаски, Хуг,Ернесто Хуст. Тоа ќе биде турнир на четиримината најдобри“, истакнува Стефановски.

https://www.facebook.com/sportskiheroi/videos/791074677707618/

.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО