Хва Ранг ИТФ ќе настапи на еден од најјаките турнири „Добој опен“

Теквондо клубот Хва Ранг ИТФ Лескоец-Охрид викендов ќе учествува на Меѓународниот турнир „Добој опен 2017“ во Добој, Босна и Херцеговина, еден од најјаките турнири на Балканот.

Тренерот Марјанчо Лазаревски на турнирот ќе води 18 натпреварувачи кои ќе настапат во две дисциплини: спаринг-борби поединечно и форми поединечно, а неколку јуниори и сениори ќе натпреваруваат во тест на снага и специјални техники.

„Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на ТКД Хва ранг ИТФ ќе не претстават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди“, вели Лазаревски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО