Хулк од Урал ќе дебитира против Девин Кларк на УФЦ во Санк Петербург

Пред неколку дена Иван Штирков алијас Хулк од Урал потпиша за УФЦ, а веќе има и датум за дебито. Тој влегува како замена и ќе се боир со Девин Кларк на настанот Русија на 20 април.

Кларк требаше да се бори со Абдул-Керим Едилов, но тој се откажа, па Хулк влезе како замена. Девин е со скор 9-3 во MMA и 3-3 во УФЦ. Во декември беше нокаутиран од Александар Ракиќ, а пред таа борба, во април минатата година, успеа да го порази Мајк Родригез. Скорот на Иван е 16-0-1 во ММА и сè уште не знае за пораз. Минатата година имаше четири борби, притоа славеше во три од нив, а битката со Џеронимо дош Сантос заврши нерешено.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО