Џими Манува – Александар Ракиќ на УФЦ Фајт најт 152

Џими Манува се враќа во кафезот и ќе учествува на настанот УФЦ Фајт најт 152, што ќе одржи на 1 јуни во Шведска.

Манува повторно ќе има тежок противник во  името на Александар Ракиќ. Манува е во серија од три последувателни порази од кои два беа со нокаут. Во овој случај ќе има тешка борба, затоа што Ракиќ е во серија од 11 победи во низа и со скор 11-1 во ММА. Тој не ја почувствувал горчината на поразот седум години, а и ги доби првите три борби во УФЦ. Александар има 8 победи со нокаут и ова е голема шанса да блесне.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО