Хулк од Урак и УФЦ се разделија по проблемите со допингот

Иван Штирков, кој е познат како Хулк од Урал, беше дел од УФЦ, а дури не го направи и дебито за организацијата. Требаше во април да се бори против Девин Кларк во Русија, но тој се повлече од борбата во последен момент, зашто падна на допинг тест.

Штирков е со скор 16-0-1 во ММА и ги порази поранешните борци на УФЦ, како што се Антонио Силва – Биг фут, Ричко Родригез, Тијаго Силва и други. Штирков е број 1 борец на П4П листа на Русија. Познат по својата мобилност и способност да ги заврши битките. Од екипата на Иван вака ја коментираа разделбата со УФЦ:

„Договорот меѓу Иван и УФЦ е прекинат со заеднички договор. Причината за ова е што тој ќе биде казнет затоа што се откриени пиккограми на забранети супстанци во неговиот примерок, за да ја помогнат изградбата на мускулната маса.

Првиот тест кој беше земен веднаш по договорот со УФЦ беше чист и немаше забранети супстанции. По овој тест, направи уште два. Според правилата на организацијата, борецот е подложен на казна за сите забранети супстанции што ги направил во текот на минатата година, кога не бил во УФЦ. Иван одлучи дека не сака да чека казна и бара ослободување од организацијата, за да ја продолжи кариерата на друго место“.

https://www.instagram.com/p/ByxAKv_jKll/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО