Хрватката Хабазин до Еди Херн: Лажач!

Претседателот на една од најголемите менаџмент компании во боксот Мечрум бокс, Еди Херн, е обвинет од Ивана Хабазин дека лаже за неговата желба да обезбеди подобри хонорари за жените во спортот.

„Големата сума што Мечрум сака да ми ја плати ја добивав пред 10 години. Сите овие изјави на Еди Херн за подобра плата во женскиот бокс се ЛАГИ!“, напиша Хрватката на Твитер.

Херн беше домаќин на првата американска гала со женски предводник изминатиов викенд, каде што се соочија Аманда Серано и Кети Круз за неприкосновената титула во перо категорија. Борбената карта беше исполнета со уште 5 борби кај дамите.

Се чини дека се водени разговори со Хабазин за да влезе во рингот на овој или на еден од претстојните настани, но носителката на сребрениот појас во полусредна категорија на ВБЦ не ги прифати условите. Таа моментално има 33 години и има биланс од 21 победа (7 нокаути) и 4 порази (1 нокаут), што ја рангира на третото место на светската ранг-листа во нејзината дивизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON