ОстанатоТаеквондо

Христијана Парулеска освои злато на Бугарија опен, а Хва ранг ИТФ 5 медали

Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец –Охрид освои 5 медали – 1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени медали на најсилниот Меѓународен таеквондо турнир А класа „Бугарија опен 2022 во Пловдив.

Медалите ги освоија:

– Христијана Парулеска
1 место (злато) борби – 50 кг, кадети 12-13 години                                                      3 место (бронза)  форми црвен појас, кадети 12-13 години

-Елена Јанеска
2 место (сребро) борби -70 кг, јуниори 16-17 години

-Давид Крстески
3 место (бронза) форми црн појас I дан, јуниори 14-15 години

-Марио Крстески
3 место (бронза) форми црвен  појас, јуниори 16-17 години

На овај престижен натпревар учествуваа над 540 натпреварувачи од 59 клубови од 14 земји од Европа.

Традиционално на овај престижен турнир сите настапуваат најдобрите поединци, за да ги тестираат и да ги подготват за наредното Европско првенство  кое ќе се одржи во Римини , Италија.

„Слободно можеме да кажеме дека бевме скептични дека ќе успееме да осовиме некој медал, знаејќи за огромната конкуренција, а претходно нашите натпреварувачи кои учествуваа на 3 последователни натпревари за помалку од еден месец, беа видно исцрпени, но како и секој пат, така  и овај пат дадоа се од себе.

Христијана Парулеска со 4 победи успеа да се качи повторно највисоко на пиедесталот, додека во форми беше оштетена од судиите, при што освојувои бронзен медал. Елена Јанеска , која имаше висока температура, треска  и настинка, не дозволи да го откажеме нејзиното учество, туку  херојски даде се од себе  стигнувајќи макотрпно до финале, иако изнемоштена, многу тесно загуби од репрезентативката на Естонија и освои сребрен медал. Давид Крстески, за жал, беше оштетен од судиите во двете дисциплини, каде освои бронзен медал во форми“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

 

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON