Хозе Алдо за поразот: Ќе ми помогне да станам уште посилен

Hoze Aldo misli

Замислете си дека сонувате кошмар. Ги отвораш очите, подготвени сте да станете и да се борите и да ги претворите сништата во реалност, но се чини дека нема никаква смисла. Некој ви ги одзел, а немате никаква идеја кога се случило тоа и зошто.

Тоа е чувството што го имал Хозе Алдо кога се е исправил на нозе по нокаутот од Конор Мек Грегор, за само 13 секунди за време на УФЦ 194. Најдолго владеечкиот шампион во УФЦ ја загуби титулата за рекордни 13 секунди .

Ден по поразот „поранешниот шампион“ се уште се обидува да сфати што се случило.

„Се уште е премногу тешко да го сварам сето тоа. Ќе ми треба малку време, за да го сфатиме, но тоа е дел од спортот и ние треба да го прифатиме“.

Следниот ден, Алдо повторно го гледаше краткиот меч, обидувајќи се да си објасни што се случило: „Се сеќавам како се качив на рингот, како се обидував да го погодам. Но, човече, навистина ми е тешко да кажам дали тоа се должи на неговите вештини или е моја грешка. Потоа брзо преземав решение,се  обидов со комбинација на удари, за да го достигнам, кои ги очекуваше“.

„Всушност, немаше никаква битка, нели? Само некакви си 13 секунди“.

Алдо продолжува со зборовите, иако е премногу рано да се прават конкретни планови, тој сигурно сака евентуален реванш со Мек Грегор. Она, што засега му останува е да најде начин да го искористи поразот, да тренира поупорно и да се врати уште посилен од порано.

„Не може да се живее живот само со победи“.

„Поразот е она што не прави посилни. Можете да бидете сигурни дека ќе се вратам посилен од порано“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО