Хозе Алдо: Поразот од Македонецот Волкановски повеќе ме боли од оној со Мек Грегор

Хозе Алдо нема намера да се повлече од ММА во скоро време. Поранешниот шампион во перо категорија има 33 години и планира да се бори уште 7 години во ММА. „Кралот на Рио“ ќе се префрли во петел категоријаза да се бори против сонародникот Марлон Мораеш на УФЦ 245, што ќе се одржи за помалку од 10 дена во Вегас.

Алдо беше во серија од две последователни победи и се надеваше на нова шанса за титула во категоријата, но во мај годинава загуби со одлука на судиите од Македонецот Александар Волкановски и тоа го натера да размисли за својата иднина.

Алдо потпиша нов договор со УФЦ и сега ќе бара нов почеток. Тој реши да зборува за својата иднина, како и за поразот од Волкановски, кој беше поболен за него од оној што го допушти пред неколку години против Конор Мек Грегор за 13 секунди.

„Секако, поразот од Волкановски е поболен од оној против Мек Грегор. Конор и јас се боревме и тој постигна добар удар. Сепак, во битката против Алекс, мојот настап не беше добар. Ова е она што ме мачи. Не можев да сторам ништо и не пробав ништо. Добро е да изгубите, но да знаете дека сте пробале нешто.

Да, поразите ве прават тажни, но барем се обидовте да направите нешто. Се срамам од битката против Волкановски и не можам да ја гледам. Тоа беше многу лошо. Се извинувам, но беше многу лошо. Бев премногу глупав на оваа средба. Имав операција на коленото и сите сакаа да не се борам, но јас сакав борба.

Мислев дека можам да победам во мојот град, но не можев да го направам она што го трениравме со Андре. Ми  остануваат уште седум години во ММА. Ќе се борам до 40 години. Сè уште имам сништа за бокс и наскоро ќе бидам во боксот. Сакам да ја освојам титулата во петел категорија, да направам приказна и тогаш ќе видиме што следува“, рече Алдо.

https://www.instagram.com/p/B5ogEDrgDkS/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО