Саудискиот принц ќе го добие на подарок рингот од „Судирот на Дините“ (Џошуа и Руиз)

Историски подарок добие престолонаследникот на Саудиска Арабија – принцот Мохамед бин Салман ал Сауд.

Според голем број британски медиуми, 34-годишниот милијардер е еден од главните виновници за големиот настан во боксот што ќе се одржи на Арапскиот Полуостров. Идниот лидер на Саудиска Арабија е познат по својата фанатична љубов спрема борбечките спортотови и особено боксот и со сигурност ќе се израдува на неговиот подарок.

https://twitter.com/SamJundi/status/1141386617388765185?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1141386617388765185&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D817625

Боксерскиот ринг, кој ќе го одреди идниот шампион во тешка категорија, нема да патува назад во Лондон, туку ќе биде транспортиран во една од палатите на Мохамед ал Сауд.

 „Тој го сака тоа за сувенир“, рече сопственикот на компанијата што го транспортира и составува рингот.

„Тој е фанатик за боксот и изрази желба да го стави рингот во еден од неговите домови. Изрично рекол да не се мие ниту од крвта ниту од потта“. Специјално за настанот се направени и транспортирани четири ринга – еден за мечот, еден за Ентони Џошуа и Енди Руиз и еден за останатите учесници на галавечерта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО