Шампионот во перо категорија пердув има „голема болка“, а многу сака да се бори со Конор Мек Грегор.
Откако вчера беше соопштено дека борец има пукнто ребро и дека дуелот против Мек Грегор во јули може да отпадне, менаџерот на Бразилецот, Андре Педернеирас, ја коментира ново настанатата ситуацијата.
„Тој заплака. Многу сакаше да се бори, бидејќи многу луѓе инвестираа во тоа. Бев кај него цело попладне. Тој е со скршено срце. И покрај се, сака да се бори. Сега треба да ги почекаме резултатите од испитувањата. Алдо е во голема болка“.
Одлуката дали ќе го гледаме Алдо во јули или не ќе биде донесена во четврток, по консултација со докторите.
„Ако навистина се потврди фрактурата, Алдо ќе мора да престане да тренира и да не прави ништо 3-4 недели, додека не се опорави, а потоа ќе може да прави лесни вежби кои не го оптоваруваат реброто. Тој може да започне нов подготвителен период по три месеци. Ако се случи тоа, тој нема да може да се бори пред октомври“.