Хорхе Масвидал сака улична борба со „кучката“ Мек Грегор

Пензионираната ѕвезда на УФЦ Хорхе Масвидал упати остри коментари за Конор Мек Грегор.

„Гejмбред“ го обвинува Ирецот дека многупати бега од борба со него. Масвидал верува дека Мек Грегор користи стероиди. Тие долго време се навредуваа и се закануваа на социјалните мрежи, но до борба немаше.

Во искреното интервју за ТМЗ Масвидал не ги воздржа своите чувства кон Мек Грегор. Хорхе отворено изрази желба да се бори со Мек Грегор. Пресметката би била на улица бидејќи Конор сакал професионална борба.

„Навистина, би сакал да се борам со Мек Грегор бидејќи тој е таква кучка. Не можам да го поднесам ова пријателе. Но, борбата ќе биде на улица. Ќе биде бесплатно затоа што никогаш нема да се бори со мене во кафезот. Никогаш не го спомнува моето име.

Знаеме дека е на стероиди, но сепак ги предизвикува Џастин Гејџи и Дастин Пориер. Мек Грегор треба да замолчи и да се фати за работа. Ебаната курва не сака да се бори со мене. Тој одби 3 или 4 пати да се бори со мене. Вели дека сум голем за него, а тој е на мојата тежина.

Знае дека ќе го победам на неговата тактика. Ќе го удрам со тупаница во забите и ќе го клоцам по ребрата. Тоа едноставно не е добро за неговиот бренд. Сега нема да се вратам, но во одреден момент мислам дека морам да се вратам“, изјави Масвидал за ТМЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО