Хорхе Масвидал: Доналд Трамп ме покани во Белата куќа

Хорхе Масвидал ќе ја испрати најуспешната година во кариерата како ММА борец. Отсуствуваше две години од ММА, но на почетокот на 2019 година се врати во октагонот. Масвидал успеа тешко да го нокаутира Дарен Тил во март во Лондон и да освои два бонуси, прекинувајќи ја неговата серија од два последователни порази.

Неколку месеци подоцна, Хорхе се врати и го нокаутира Бен Аскрен за 5 секунди, што го направи најбрзиот нокаут во историјата на УФЦ. Ова привлече големо внимание и тој доби шанса да се бори против Нејт Дијаз за титулата „најлошото копиле“ во ММА.

Масвидал успеа да доминира во почетокот на овој месец и победи со технички нокаут, влегувајќи во серија од три последователни победи и изјави дека добил покана да оди во Белата куќа, за да се види со Доналд Трамп:

„Сè уште не го знам датумот, но добив покана од Белата куќа и тоа е чест, без оглед на политичките погледи. Тоа е претседател на оваа земја. Ковингтон се молеше да оди во Белата куќа, а јас добив покана. Ги молеше Дана Вајт и Ден Ламберт да  му средат покана.

Дан се јави на своите пријатели од општеството „Череп и коски“ и успеа да ги среди работите. Јас, пак, добив покана од Трамп, затоа што тој виде дека сум лошо копиле. Има голема разлика помеѓу мене и Колби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО