Александар Емилијаненко го нокаутира Михаил Коклјаев во првата рунда (ВИДЕО)

Александар Емилијаненко и Михаил Коклјaев се пресметаа во рингот во Москва, при што борбата требаше да трае четири рунди, а стигна само до првата во корист на Емилијаненко.

Коклајев почна поактивно и зададе силни удари во главата на Емлијаненко, кој се потпираше на трпеливоста.

Двајцата почнаа да разменуваат тешки удари и се стегнаа. Во средината на рундата Александар пласираше моќен удар и го затресе шампионот во кревање на тегови. Коклјаев го забави темпото, бидејќи беше видно повреден, а ударите на Емелијаненко почнаа да ја наоѓаат целта. Михаил даде се од себе, но Емилијаненко за класа беше подобар и повторно го здрма.

Во последните секунди на првата рунда Емелијаненко зададе моќен лев директ во брадата на Коклјаев и го прати во нокаут. Михаил успеа да стане, но нозете не го слушаа и судијата ја прекина средбата. Победата го направи Емелијаненко шампион во тешка категорија.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=194Sf-sqlh8&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО