Руиз: Кога моите противници ќе се обидат да боксираат и да се движат тогаш уште побрзо ги кршам

Енди Руиз (33-1, 22 КО) очекува Ентони Џошуа (22-1, 21 КО) да биде значително повнимателен во реваншот.

Во нивната прва борба во јуни во Њујорк, Џошуа го собори Мексиканецот на третата рунда, но до крајот на истата рунда и самиот два пати се најде на подот. Руиз доминираше во остатокот од борбата, соборувајќи го Британецот четири пати пред до прекинот во седмата рунда по што стана нов шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО

„Го очекувам тоа. Но, ако сака да се испотепа уште подобро за мене. Сакам да се тепам, затоа што сум таков борец, а на 7 декември морам да го притиоснам, да работам на телото, да го скршам, особено ментално“, рече Руиз за Скај спорт.

„Мора да видиме во каква состојба ќе биде тој, бидејќи целиот притисок е врз него. Притисокот не е врз мене затоа што го следев сонот и си го остварив сонот. Секако дека сакам повеќе. Сакам зад себе да оставам наследството на Енди Руиз Јуниор“.

Руиз има искуство со противници кои сакаат да боксуваат од дистанца и да не се впуштаат во отворена борба. Тој има целосна доверба во своите способности да го скрати рингот и верува дека противниците ги завршува побрзо кога ќе се обидуваат постојано да се движат од рунда во рунда.

„Луѓето не виделе како го скратувам рингот. Кога ќе се обидат да боксираат и да се движат тогаш уште побрзо ги кршам. Како што би рекол Мајк Тајсон: Сите ние имаме план сè додека не примиме удар во лице. Сигурен сум дека тој ќе сака да боксира околу мене. Еден удар може да ја промени борбата. Тоа се случи и на 1 јуни. Сега би можело да биде малку потешко од првиот пат. Морам да ги покажам своите вештини и мојот талент“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО