Холивудска ѕвезда му подарил куќа на борец на УФЦ кој спиел во салата (ВИДЕО)

Темба Горимбо од Зимбабве со својата приказна трогна многумина, меѓу кои и холивудската ѕвезда Двејн Џонсон.

Имено, борецот во полусредна категорија на УФЦ, по вториот настап за најголемата светска ММА организација во мај кога го победи Такаши Сато, на пресот изјави дека има доволно пари уште за повратен авионски билет за Мајами, каде што тренира во салата на ММА мастерс.

Рекол дека на сметката има уште седум долари, а спиел на каучот во ходникот.

Првата заработка од борбите не ја потрошил на себе, туку добар дел испратил во родното село за да им помогне на роднините и пријателите.

Популарниот Рок ја слушна неговата изјава, па презеде акција. На Горимбо му купил куќа и му рекол дека сега може целосно да се посвети на тренинзите и да го донесе своето семејство во САД.

А како изгледаше средбата меѓу Двејн Џонсон и Темба Горимбо, погледнете во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО