Даниел Стефановски експресно пронајде друг Грк: Нов противник ист резултат!

Даниел Стефановски експресно пронајде противник за 29 септември во Цирих, Швајцарија, откако му откажа Гркот Бланас.

Македонскиот воин сега ќе се бори со Кирјадикис, исто така Грк, на Престиж фајт под покровителство на Реунион промоцијата.

„Нов противник ист резултат“, пркоментира Стефановски на Фејсбук.

Неодамна Даниел Стефановски ја одбрани светската титула на ВКУ во К-1 на настанот Гладијаторс најт во Цирих, Швајцарија, против Родриго Минеиро победувајќи го со одлука на судиите 3-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО