Холифилд: Третиот меч со Мајк Тајсон наближува

Легендата на боксот и поранешен неприкосновен светски шампион во полутешка и тешка категорија Ивандер Холифилд уште еднаш ја коментираше можната трета борба со Мајк Тајсон. 58-годишниот американски ветеран објави дека мечот е „веќе близу“ и може да се одржи во 2021 година.

Холифилд и Тајсон се сретнаа два пати по ред во рингот во периодот 1996-97 година. Двата натпревари завршија со победи за Ивандер – прво со технички нокаут, а потоа со дисквалификација.

Во ноември 2020 година, Тајсон имаше пресметка со сонародникот Рој Џонс Јуниор, кој заврши нерешено.

„Дали ќе има трета битка со Тајсон? Јас би рекол да. Мислам дека се приближува. Мислам дека и двајцата го сакаме тоа и ќе се случи“, рече Холифилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО