Холифилд со лекција за поп-ѕвезда, ги виде сите ѕвезди среде бел ден (ВИДЕО)

Поп ѕвездата Џејсон Деруло броеше sвезди сред бел ден, но не и од шоу-бизнисот, откако реши да се обиде на спаринг против легендата на боксот Ивандер Холифилд.

Пејачот-актер ги навлече ракавиците и излезе исто како и поранешниот светски шампион во тешка категорија во рингот. „Судирот“ меѓу нив беше споделен од следбениците на Деруло на социјалните мрежи преку кратко видео. Во него, пејачот почнува да спарингува со самодоверба, обидувајќи се да ги блокира ударите на Холифилд.

На 57-годишната легенда, сепак, не му требаше многу време да и зададе удар во главата на поп ѕвездата и да го испрати да се ниша на јажињата. Непосредно пред да се сруши во рингот, Деруло успеа да остане на нозе. „Дали си добро?“, праша Холифилд, а пејачот одговори: „Речиси“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО