Фатена со допинг летна од УФЦ

Кариерата на Дуда Сантана во УФЦ заврши откако беше фатена со забранети стимуланси.

Менаџерот на бразилската атлетичарка во петел категорија, Алекс Дејвис, потврди дека дала позитивен тест во вон конкурентскиот период во февруари. Сантана доби казна од две години и беше ослободена од УФЦ.

„Таа е многу сиромашна и купи додатоци од сомнително место. И се покажа дека тие биле контаминирани со забранети супстанци. Веруваме дека таа не го стори тоа намерно, но мора да ги следиме правилата. Не поднесовме жалба. Се обидовме, но не успеавме да го најдеме оригиналниот извор, бидејќи таа фрли некои додатоци… Таа е многу талентирана и ќе се снајде, нема да се откажеме од неа“, рече менаџерот.

https://www.instagram.com/p/BgpW2ZCgdtI/?utm_source=ig_embed

Сантана (3-1) има само еден меч во УФЦ, загуби во првата рунда од Биј Малечки минатиот јуни. Потоа се повлече од два натпревари од „лични причини“.

Дуда Сантана стана популарно име во УФЦ на почетокот на оваа година кога борците од синџирот и донираа пари, бидејќи целото нејзино семејство остана без работа поради пандемијата на Ковид-19 и немаше што да јаде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО