Мишел Переира ја сака титулата на Хорхе Масвидал

Ѕвездата во зародиш, Мишел Переира, е подготвена за големите имиња во полутешка категорија. 26-годишниот Бразилец кој освои многу фанови со атрактивните настапи е подготвен да се бори со Хорхе Масвидал.

На почетокот на месецот Переира се бореше со Зелим Имадаев и го победи со завршница на крајот од борбата. За време на мечот Мишел не престана да го исмејува Имадаев и му удри неколку шлаканици.

Бразилецот има учинок 24-11-2 во ММА и заврши 16 ривали. За една и пол година Переира направи 4 битки – 2 победи со завршница и 2 порази. Освои три бонуси на овие четири меча и му фрли ракавица на Масвидал на социјалните мрежи.

„Хорхе Масвидал, ајде да се бориме. Да им дадеме голема борба на сите фанови. Да видиме кој е поголем шоумен и потцрст борец. Го сакам твојот појас. Доаѓам по тебе. Чекај ме“, напиша Переира, кој сака да му ја одземе титулата во Масвидал – „најлошото копиле во УФЦ“.

https://www.instagram.com/p/CFPlvgrHZtg/

https://www.instagram.com/p/CFHorddJn6X/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО