Херн потврди дека Џошуа ќе се бори со Вајт во август и Вајлдер во декември

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, откри дека поранешниот боксерски шампион ќе има две борби до крајот на годината, ќе се бори со Дилиен Вајт во август и со Дионтеј Вајлдер во декември.

Тој исто така потврди дека добил порака од тимот на Фјури за потенцијална борба. Тајсон бара противник за летово, па сега повторно го насочи вниманието кон Еј Џеј.

Веќе беше најавено дека Еј Џеј ќе се врати во август, најверојатно против Дилиен Вајт, а потоа во декември во Саудиска Арабија ќе има меч против Дионтеј Вајлдер.

Херн признава дека ги интересира борбата со Фјури, но тешко дека ќе отстапи од плановите, а сака да верува во искреноста на шампионот на ВБЦ.

„Тимот на Фјури покажа интерес да се бори со Џошуа, но тој има борба во август и декември. Но, допрва ќе поминам низ нивната понуда и ќе видам колку е сето тоа реално“, изјави Еди Херн и додаде:

„Но, сега остануваме на планот: Вајт во август и Вајлдер во декември. Повторно имаме состанок оваа недела во Саудиска Арабија и ќе видиме што ќе се случи. Ако не постигнеме договор, тогаш стопроцентно се свртуваме кон борбата со Фјури“.

Сопственикот на Мечрум бокс истакнува дека нема да се откаже од мечот против Вајлдер само за да може Џошуа да се бори со Кралот на Ромите.

„Секако дека Џошуа е заинтересиран за меч против Фјури, но мораме да се грижиме за неговата самодоверба доколку еден ден им го договориме мечот“, подвлече Еди Херн.

Саудијците се уште се многу сериозни во врска со организирањето на голем боксерски спектакл во декември, каде би настапиле Фјури и Усик и Џошуа и Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО