Дејан Георгиевски и Милјана Релјиќ на СП во таеквондо во Баку ќе се борат за пласман на ОИ во Париз

Македонија настапува со двајца претставници на Светското првенство за сениори во Баку, Азербејџан, кое почна вчера и ќе трае до 4 јуни.

За Македонија ќе настапат олимпискиот вицешампион + 87 кг Дејан Георгиевски и  -62 кг Милјана Релјиќ.

Тие ќе се обдидат да изборат пласман на Олимписките игри во Париз 2024 година.

Георгиевски во моментов се седми на светската ранг-листа со 219,15 поени, на која водечки е Карлос Санорес од Мексико со 362, 71 поен. На нашиот репрезентативец му треба добар пласман за 6-то место на олимписката листа, на која првите шестмина обезбедуваат пласман ОИ. Но, потоа битни се и настапати на Гранд при Рим, Европските игри во Краков, Гранд при Париз и Манчестер. Додека Мила е 46-та, па ќе треба уште да собира поени и да оди на квалификации за Олимпијадата. Листата се затвора во декември оваа година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО