Хабиб: Фала му на Бога што Ердоган пак е претседател

Хабиб Нурмагомедов на социјалните мрежи објави нов пост во кој му честита на Реџеп Ердоган за реизборот за претседател на Турција.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија се сретна со Ердоган пред неколку години. Ова се случи за време на посетата на Нурмагомедов на Турција.

Потсетуваме, вториот круг од претседателските избори во Турција се одржа на 28 мај. Ердоган освои нешто повеќе од 52 отсто од гласовите. Неговиот ривал Кемал Кулчдароглу има нешто помалку од 48 проценти.

„Ја следевме ситуацијата. Честитки за Реџеп Ердоган. Фала му на Алах!“, напиша Нурмагомедов.

За време на неговата ММА кариера Хабиб имаше 29 борби и толку победи. Во американската промоција беа заработени 13 победи. Заедно со познатиот тренер Хавиер Мендез, Хабиб беше прогласен за тренер на годината од ММА Џанки за 2022 година.

На почетокот на оваа година Нурмагомедов откри дека престанал да се занимава со се што е поврзано со ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО