Херн пак почна да го планира мечот Џошуа-Фјури

Британскиот бокс промотор Еди Херн повторно започна со правење планови за меч меѓу неговиот клиент Ентони Џошуа и Тајсон Фјури. Тој најави дека ќе работи на дербито ако средбата со Кубрат Пулев се одложи подолго време заради коронавирусот.

„Одеднаш Џошуа – Фјури почна да станува приоритет“, изјави Еди Херн за Скај спортс и досаде: „Ова ќе се случи ако мечот со Пулев се одржи летото. Толку многу работи можат да се случат. Постои опција средбата со Бугаринот да се одржи на 25 јули, но сè е неизвесно во моментов“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО