Херн ја откри борбата за која најмногу жали: Потрошив премногу на таа борба, остана дупка од милион фунти!

Првиот човек на Мечрум бокс издвои еден потег како најлош во неговата промотивна кариера.

Фронтменот на Мечрум бокс, Еди Херн, ги промовираше некои од најголемите боксерски натпревари во последната деценија. Првиот голем настан што ги зацврсти Херн и Мечрум на светската боксерска мапа беше борбата меѓу Карл Фроч и Џорџ Гроувс пред 80.000 луѓе на Вембли во 2013 година. Борбата беше распродадена за еден ден, а потоа следеа голем број спектакуларни настани на стадионот со потпис на Херн, а соодветно и – огромна заработка. Сепак, не секој проект беше успешен и профитабилен повеќекратно. Зборувајќи за The Overlap, Херн откри која била неговата најголема грешка во светот на боксот.

„Откако Ентони Џошуа загуби од Енди Руиз, луѓето велеа: „Што се случува, Мечрум бокс е на јажето“. Тогаш сакав да се вратам со нешто големо и ја направив најголемата грешка“, изјави 44-годишниот Британец, потоа продолжи: „Имаше борба меѓу Васил Ломаченко, кој беше бог на боксот во таа фаза, и Лук Кембел, кој го претставувавме и кој беше златен олимписки медалист. Само потрошив премногу на борбата. Сакав да го донесам Ломаченко во Лондон, бев заљубен во него како борец, но не ја разбирав неговата комерцијална вредност. Ја распродадовме О2 Арената, но ППВ не ги погоди бројките што ги сакавме и останавме со голема дупка од веројатно 1 милион фунти“.

Ломаченко и Кембел боксираа на крајот на август 2019 година, а Украинецот излезе како победник, врз основа на едногласна одлука на судијата, со која ги одбрани титулите на ВБО и ВБА и ја освои празната титула на ВБЦ во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО