Хенри Сехудо: Слобода за руските спортисти!

Хенри Сехудо не ја поддржува одлуката што пред неколку дена ја објави кик бокс лигата Глори. Најголемата кик-бокс организација објави дека ги отпушта сите свои борци кои се Руси.

Глори се оправдува дека со Русите доживуваат многу тешкотии. Нивните ривали не сакаа да се борат со нив. Имаше логистички и финансиски потешкотии поради санкциите воведени кон Русија.

И додека браќата Кличко и другите Украинци сметаат дека Русите не треба да се натпреваруваат, Сехудо не мисли така. На социјалните мрежи Хенри рече дека постапките на Глори биле дискриминација.

„Трипл Ц“ повика на слобода за руските спортисти.

„Навистина треба да ги разделиме спортот и политиката. Дејството на Глори е чиста дискриминација. Слобода за руските спортисти“, напиша Сехудо на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО