Хелениус се плаши од брзината на Вајлдер

Брзината на Дионтеј Вајлдер, а не силата, е она што го загрижува Роберт Хелениус.

„Северниот кошмар“ на 15 октомври ќе се соочи со поранешниот светски шампион на ВБЦ во тешка категорија. Двајцата добро се познаваат, откако направија голем број спаринг сесии во периодот кога Американецот се подготвуваше за борбите со Тајсон Фјури. Сепак, сега Хелениус ќе биде противник на „Бронзениот бомбардер“, а победата е од големо значење. Таа би можела да обезбеди пат до меч за појасот на таа организација.

„Она што го издвојува Вајлдер од другите боксери не е неговата сила. Кај него се е до брзината. Тој може да испорача инстант удари што се чини дека доаѓаат од никаде. И токму тоа е неговата голема предност. Ја поднесов силата, така што тоа не е главното прашање“, изјави Хелениус.

За спаринг сесиите, тој изјави: „Кога вежбавме мечеви, се подготвував за друг тип на боксер, додека Дионтеј се подготвуваше за борба со Фјури, кој е висок како мене. Значи, има разлика во спарингот и она што го баравме од него“, додаде Хелениус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО