Хелениус пред меч со Ортиз

Helenius finska

Непоразениот фински боксер во тешка категорија, Роберт Хелениус, најверојатно ќе се бори за привемената титула на Светската боксерска асоцијација со шампионот Луис Ортиз. Тешкашот утре ќе одржи прес-конференција. Тој излезе со специјално видео обраќање со кое алудира на голема вест, но без да додава детали.

Според коментаторите, има шанса Хелениус да објави и друга опција за развој на неговата кариера. Постои можност тој да биде следниот ривал на други двајца шампиони – Дионтеј Вајлдер или Чарлс Мартин.

Хелениус изненадувачки се откажа од европската титула во тешка категорија. Тој се откажа да го брани појасот против Дерек Чисора. Финецот во кариерата има 22 победи (13 со нокаут).

https://youtu.be/Cy8S3iYlxw8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО