Хавиер Мендез: Хабиб сака да продолжи да тренира и да го пренесува своето знаење на други борци

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов на почетокот на годината одлучи да се повлече од ММА спортот за да се посвети повеќе на семејството.

Не беше ниту во аголот на неговиот ученик Ислам Махачев кој во февруари го одбрани појасот против Александар Волкановски на УФЦ 284 во Перт.

Но, непоразениот Дагестанец неодамна се врати во салата АКА за да го подготвува за меч братучедот Абубакар Нурмагомедов.

Главниот тренер Хавиер Мендез дополнително го објасни доаѓањето на Хабиб во салата АКА.

„Никогаш не кажа дека нема да тренира други борци. Хабиб само не сака повеќе да патува по натпревари, бидејќи сака да биде со семејството. Но, сака да продолжи да тренира и да го пренесува своето знаење на други борци. И се држи до тоа“, рече Хавиер Мендез и додаде:

„Се надевам на негово враќање во теретана, бидејќи е голем мотиватор. Борците и јас сакаме кога е со нас. Ми ја олеснува и работата. Кога е во теретана, не морам да се грижам за се. Се опуштам и го оставам да го води тренингот, тој е одличен во тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО