Хавиер Мендез е уплашен од стојот на Конор Мек Грегор

На 6 октомври шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов прв пат ќе ја брани титулата против поранешниот шампион Конор Мек Грегор. Стиловите на борба им се сосема спротивни, а ова е една од работите што ја прават борбата толку интересна.

Сите зборуваат дека тоа ќе биде најголемата битка во УФЦ, а и сите веруваат дека или Хбаиб ќе го повлече Мек Грегор на подот и ќе доминира или Мек Грегор ќе го нокаутира во раните рунди. И тренерот на Хабиб, Хавиер Мендез, така гледа на работите и вели дека се плаши од борбата во стоење на Ирецот.

„Мое мислење е дека Конор Мек Грегор е најдобриот напаѓач во УФЦ. Знае како да ве фати и може да ти го прочита движењето. Те фаќа во таа стапица и пред да почувствувате дека сте заспиени. Мое мислење е дека тој е мајстор, кој не само што е добар во стој, туку и во партер.

Нема да се правам дека не гледам колку е добро. Се подготуваме за секакво сценарио, но не си правам илузии. Не постои начин и знаеме дека не можеме да се подготвиме за борба во стој со него. Нема да се преправам и да зборувам дека можам да го подготвам, бидејќи тоа е невозможно.

Тоа е класична битка помеѓу напаѓач (во стој) и граплер и ќе бараме слаби точки. Треба да знаете дека и двајцата се добри и во стој и во борење, но едниот е подобар во едното од другиот. Тој е подобар во стојка, а ние сме подобри во граплинг.

Не сакам да си имаме ништо заедничко со стојот на Конор Мек Грегор, бидејќи тој е премногу добар“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО