Јусуф Хашими: Кај Муаремовски има квалитет и можности (ФОТО)

Вчера најавивме дека Денис Муаремовски ќе има деби на професионалниот ринг на настанот „Боксинг најт“ во казиното „Фламинго“ со Гркот Панагиотис Мацагос. По повод овој меч се огласи и неговиот менаџер Јусуф Хашими кој е и претседателот на БК Шкендија бокс од Тетово.

Хашими вели дека е негов менаџер за Македонија и за регионот..

„Денис Муаремовски имаше и има значителни успеси. По неговите успеси и напредокот што ги има, видов дека кај него има квалитет и можности, затоа решив да му овозможам да ги вкрсти ракавиците на профи бокс мечеви“, вели Хашими.

Настанот „Боксинг најт“ ќе се одржи на 23 септември 2017 во казиното Фламинго, според менаџерот во Струмица (инаку Фламинго е во Гевгелија – н.з.), а ќе настапат боксери од Грција, Бугарија, Србија и Денис Муаремовски од Македонија.

„Во професионалниот бокс како менаџер, јас сум менаџирал и други боксери. Moето прво менаџирање беше во 2013 година во Германија во ВБО верзијата. Во врска со овој меч, прво му се заблагодарам на колегата Дарко Чатлески, претседателот на Про бокс Македонија, кој ни овозможи и кој најде противник за Денис и да бидеме дел овој настан. Муаремовки овие месеци тренира со полн интензитет и тврдам дека нема да не разочара, зашто имам довверба во него“, истакна Хашими.

„Мојата цел е да победам на „Боксинг најт“ и мислам дека нема да го разочарам мојот менаџер Јусуф Хашими, како и Дарко Чатлески. Да се борам како професионален боксер, за мене е сатисфакција и се чувствувам привилегиран што ми ја укажаа оваа можност“, истакна Муаремовски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО