Хасбула до Мек Грегор: Ако си маж, тогаш да се видиме во Абу Даби

Дагестанскиот блогер Хасбула Магомедов, попознат како „Хасбик“ објави нова објава на социјалните мрежи во која реагира на навредите од Конор Мек Грегор.

Поранешниот двократен шампион на УФЦ напиша неколку објави во кои го нарече Хасбик – „смрдливо мал производ на инцест“ и рече дека со задоволство би го шутнал. „Озлогласениот“ го нарече Хасбула морон, по што традиционално ги избриша сите објави поврзани со дагестанската интернет ѕвезда.

Очигледно навредите на Конор стигнале до ушите на 19-годишниот Магомедов, кој боледува од болест и изгледа како 5-годишник. Хасбулах му одговори на Мек Грегор на социјалните мрежи, пишувајќи:

„Јас не следам бездомници. Не знаев дека некој одеднаш ја отвори устата. Барем еден од нас останува непоразен. Хасбула – 1, Конор – 0. Сега имам договор со УФЦ. Ако Мек Грегор навистина е маж, тогаш ќе се видиме во Абу Даби.

Веќе беше претепан од Хабиб Нурмагомедов. Мислам дека парите што ги доби по борбата со Мејведер се завршени и му треба повеќе внимание“, напиша Хасбик.

Конор не би можел да стигне до Хасбула дури и да сака. Хасбик е секогаш со Хабиб и неговите соборци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО